Чистачка на фестивал во Штутгарт им наплаќала на посетителите за бесплатен тоалет и на тој начин заработила илјадници евра. Жената е уапсена и против неа се води истрага.
Германската полиција истражува чистачка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на фестивалот Канстатер во Штутгарт и на тој начин „заработила“ неколку илјади евра.
Порталот Штутгартер-Накриштен пишува дека чистачката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатила. Жената била уапсена од полицајци во цивилна облека.
– Чистачката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага, соопштија од полицијата.
Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Икс го објави случајот. Објавиле и фотографија од заработката на чистачката.