Градот Скопје започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух. Една од нив е чистењето на сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје и досега се исчистени над 120 депонии. На дел од нив се планирани нови зелени површини, а меѓу нив во Ново Лисиче, во Ново Село и на многу други места.
Во денешното соопштение се истакнува дека дополнително, Градот започна и зголемен и неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една беше изречена неодамна во износ од 88 илјади евра.