Може ли една иста работа во една прилика да ја оцениш со петка, а во друга – односно претходно си и дал единица? Може. Особено во Македонија и особено ако оценувачот е политичар.
Еве ви еден пример од денеска:
Преодната-техничка Влада во заминување во овој речиси деветмесечен мандат успешно одговори на предизивиците, оцени техничкиот премиер Оливер Спасовски.
-Јавното здравје е заштитиено, економијата е одржана, меѓународните перспективи се остварени, спроведени се фер и демократски избори. Со мене ќе понесам многу корисни искуства од функционирањето на оваа влада, дека во моментот кога ќе прифатиме дека постојат предизвиците и ефикасно ќе ги дефинираме, ние веќе сме отишле до половина пат за нивното решавање, изјави Спасовски.
Е сега, се сеќавате ли колку пати Спасовски пред изборите укажуваше дека тнр. „Пржинска влада“ е нефункционална и треба да има итни избори? Па негодуваше од министерот Чулев, па објаснуваше дека на Македонија и требаат стабилни институции, па…
Неговиот шеф, лидерот на СДСМ Зоран Заев пред последните парламентарни избори најавуваше дека моделот на „Пржинската влада“ треба да се укине бидејќи е нефункционален, а тоа го потврди и при објавувањето на новата владина коалиција со ДУИ.
И сега, денеска, премиерот Спасовски оцени дека таа влада била – успешна! И, и стави петка на техничката-преодна влада за завршените работи.
Се заборавија ли досегашните забелешки? Или оценката за техничката-преодна влада е во зависност од приликата во која се дава?