Чулев: Вработените во МВР се жртви на политички пресметки и реваншизам

Вработените во МВР се жртви на политички пресметки и реваншизми. Ова го тврди доскорешниот технички министер во МВР, Наќе Чулев.

-На нешто повеќе од еден месец по завршување на изборите, за жал морам да конститирам дека МВР е заложник на политички игри, напишал Чулев на „Фејсбук“.

Тој објаснува дека е во комуникацијата со колеги од МВР кој често го информираат дека трпат сериозни политички притисоци, а слични информации добил и од членовите на неколкуте полициски синдикати.

-Сведок сум на неколку десетици примери каде вработени во Министерството за внатрешни работи тенденциозно и злонамерно се деградирани и распоредени на работни места кои што не се соодветни со нивната стручна и физичка подготвеност, а има и случаи каде вработените се упатувани на работни места кои се повеќе од 50 километри одалачени од местото на живеење, појаснува Чулев.

Тој ги повикува засегнатите од сите овие случаи да ги информираат преставниците на меѓународната заедница во Македонија.

Претходна вестНаум Петрески до колегите кои пак бараат државна помош: Носете се во мајчина сите вие таканаречени уметници и ѕвезди
Следна вестОхридскиот советник Нефи Усеини и брат му спроведени во притвор