ЦИК на СДСМ: Изборите за лидер беа демократски и кредбилни, имаше само еден приговор

Како Централна изборна комисија констатиравме дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ. Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и мирно, во фер и демократска атмосфера, изјави претстедателката на партиската комисија која ги спроведе изборите Викторија Аврамовска – Мадиќ. Таа додаде дека бил пристигнат само еден приговор.

-Уште вчера, во текот на денот, Комисијата соопшти дека е мал бројот на членови, вкупно 51, кои побараа да им биде овозможено да гласаат иако не биле на избирачкиот список. На седуммина им е прифатено барањето, а 44 се одбиени затоа што по проверката во системот се констатираше дека тие не се акредитирани преку активна регистрација и не е доставен образец за активна регистрација. Оттука, целосно е несоодветно да се тврди дека станува збор за голем број на членови ниту пак да се тврди дека ова има влијание на процесот. Секој кандидат имаше свои контролори на сите 77 избирачки места и во Централната изборна комисија, на денот на гласањето. Заради дополнителна транспарентност имаа можност да гласаат сите контролори еден ден пред изборите, рече Аврамовска – Мадиќ на прес-конференција во СДСМ.

Таа нагласи дека Венко Филипче е избран за претседател на СДСМ и објасни:

-Претседател на партијата е избран и нема потреба од втор круг затоа што согласно правилникот и Статутот на СДСМ, оној кандидат којшто освоил над 50 отсто од гласовите на излезените членови е избран за претседател.

Претходна вестМицкоски: Договорот за добрососедство е веќе репреговаран со „францускиот предлог“, кон него може да се додаде и друг предлог со македонските барања
Следна вестМинистерот за спорт Борко Ристовски пушти во употреба ново спортско игралиште во Василево