Ципрас доби награда за мир за Договорот од Преспа

Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, доби награда за мир за Договорот од Преспа. Наградата „Никос Никофоридис“ ја доделува мировната организација „Опсерваторија на меѓународни организации и глобализација“.

-Непријатно е да примаш награда за мир среде крвави војни, но можеби тоа е можност да се разбере дека борбата за мир не е бесмислена, застарена или чудна, порача Ципрас во својот говор по доделувањето на наградата.

Поранешните премиери на С Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас по потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година

Говореше за значењето на Договорот од Преспа и за потребата тој да биде почитуван од новата власт во земјава. Ципрас ја истакна и важноста на Преспанскиот договор за целиот регион во контекст на европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Во оваа смисла кажа дека треба да се врати моментумот на европската перспектива и интеграција во ЕУ на регионот создадена со Преспанскиот договор.

-Треба да го вратиме моментумот на европската перспектива создадена со Договорот од Преспа, извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот што претставува модел за решавање спорови на Западен Балкан бидејќи докажа дека постои пат до заемно прифатливи решенија кои ги бранат националните интереси, а истовремено промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже некредибилна во однос на своето ветување за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила, додаде експремиерот на Грција.

Претходна вестСудир на „Пластичарска“ , тешко повредена девојка која минувала како пешак
Следна вестМНР со јавен апел до граѓаните на Македонија кои се во Израел