Црна Гора ги ограничи маржите на 66 прехранбени производи, се очекува да поевтинат 1.000 артикли

Одлуката не се однесува на малите бизниси и тие ќе бидат изземени од неа, а ќе важи до 31 јануари 2025 година.

Црногорската владата ги ограничи маржите во трговијата на големо и мало на 66 прехранбени и хигиенски производи. Во однос на претходната кампања „Ограничени цени“, сега на листата се додаваат и овошје, зеленчук, нешто повеќе видови месо и средства за лична хигиена.

Акцијата вклучува исти производи и исти грамажи на неколку производители, а маржата се ограничува на 10 отсто за прехранбениот сектор, како и во продавниците на големо и мало.

Одлуката не се однесува на малите бизниси и тие ќе бидат изземени од неа, а ќе важи до 31 јануари 2025 година.

Како што соопштија владините претставници, во сила е и претходната мерка, која ги ограничува маржите за 5 основни прехранбени производи, на 5 отсто во трговијата на големо и 5 проценти во трговијата на мало. Со неа беа опфатени пченично брашно (тип 400 и 500), гранулиран шеќер, сончогледово масло за јадење и кујнска сол по килограм без разлика на тежината.

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ изјави дека Одлуката за ограничување на цените е важна за мнозинството граѓани, како и дека годишната стапка на инфлација во јули годинава е најниска од 2021 година.

– Инфлацијата веќе не е проблем, туку високите цени на производите се и сега таргетираме високи цени кои ги оптоваруваат граѓаните. Поскапувањето на производите од 2020 година до денес најмногу се случи за време на 43-та Влада и тоа беше 80 отсто од поскапувањето, а само мал дел од поскапувањето се случи за време на оваа влада. Оваа мерка ќе таргетира и многу поголем опфат, а го имавме предвид и мислењето на граѓаните. Оваа одлука резултира со реално намалување на цената за над 1.000 артикли,  рече Спајиќ.

Претходна вестОливера Трајковска – нов директор на Комисијата за односи со верските заедници
Следна вестСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на двојните директори во Царина сака да воведе уште еден заменик-директор, си измислува позиции