ЦУК: Еден активен пожар и еден под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 22 пожари. Од нив, активен е еден, а под контрола е пожарот во околината на Чашка.

Активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“. Таму гори нискостеблеста шума и сува трева.

Претходна вестПелистер се намачи против Црвена Звезда за стартна победа на турнирот во Добој
Следна вест„Реално е“, слоган на 4. Младински филмски фестивал