ЦУК: Извлечена е екипата на брзата помош која беше заглавена во лифт во Кисела Вода

ЦУК информира дека е извлечена екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт на зграда во скопска Кисeла Вода. Се додава дека во екипата има повредени лица.

Претходно ЦУК соопшти дека во 11:22 часот на 112 била добиена пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

-Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот. Пациент немало, екипата била на констатација на смрт. Лицата се извлечени и имаат повреди, се појаснува во информацијата од ЦУК.

Претходна вестДве линеарни покачувања на пензиите, првото од 2.500 денари ќе биде во септември, второто во март
Следна вестНиколоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура