ЦУК: Нови пријави на граѓаните за присуство на змии во Црниче, кај Факултетот за безбедност…

Нови пријави за присуство на змии по одделни скопски населби добил Центарот за управување со кризи. Во денешната информација ЦУК пак наведе дека вчера добиле неколку повици за опасност од присуство на змии во објекти во населени места. Тоа било координирано и решавано со институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК).

-Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период од годината. Конкретно, завчера (05.06.2024 – во објекти во општините Гази Баба и Прилеп) и вчера (06.06.2024) беа добиена пријава за појава на змии во населени места. Вчера во 10.44 часот, на 112 во ЦУК има пријава за видени змии во дворот на ЈЗУ Црниче. Се барало итна реакција од соодветната институција за отстранување на проблемот. Во 17.02 часот имало уште една пријава дека имало змија во дворот на Центарот за обука при Факултетот за безбедност – Скопје, наведуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека за вакви случаи на појава на змии во објекти во населени места не постојат специјализирани институции нивно отстранување.

-Има физички лица, а и граѓански асоцијации за заштита на животните, коишто можат да им помогнат на граѓаните, во рамки на нивните можности, за безбедно отстранување на змии, други влекачи и слично, секако, по непосреден контакт и договор со нив, велат од ЦУК.

ЦУК превентивно потсетува дека при прошетките во природа може граѓаните имаат случај да се сретнат со змии.

-Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена – не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да е информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, додаваат од ЦУК.

Претходна вестФилозофија како слободен изборен предмет во четврто, петто или шесто одделение
Следна вестГаши: Косово е родно место или татковината на моите родители ѝ како такво, го почитувам заради нив