ЦУК: Пак пожар на Галичица

На територијата на Македонија вчера имаше 24 пожари на отворен простор, од кои денеска активни се два. Изгаснати се 21, а под контрола е еден пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите на Галичица, кај селата Стење и Лескоец, на територијата на Општина Ресен. Тука гори лисната постелка во букова шума и сува трева. Во изминатиов период на Галичица имаше голем пожар кој со големи напори на пожарникарите беше изгаснат по цели 25 дена.

Кај Општина Чашка, на планината Мукос гори шума.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина, над селото Вирово каде што гори ниска вегетација и сува трева.

Изгаснати се пожарите на териториите на општините Сарај, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Шуто Оризари, Арачиново, Васиелево, Босилово, Ресен, Тетово, Гостивар, Врапчиште, Долнени, Виница, Липково, Куманово и Македонски Брод,

Претходна вестПотпаролот на „Вреди“, Хисени ќе ги замрзне политичките активности, уапсениот за полов напад му е татко
Следна вестУапсен Сириец кој призна дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген