ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата.

Регионалниот ЦУК Куманово, информираше дека поради обилните поројни врнежи од дожд и од град во Липковскиот регион на ден 21.05.2024 година, имаше зголемување на нивото на Липковска Река, заради што дојде до заматување на водата за пиење. Заради тоа во текот на вчерашниот ден 22.05.2024 година, беше прекината дистрибуцијата на водата до граѓаните, се до моментот на надминување на состојбата. Од страна на ЦУК вчера рано утрото, било побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка, а до тогаш беше пепорачано, превентивно, водата од водововод да не се пие, што веднаш утрово беше пренесено брзо и ефинасно од медиумите.

Инаку, вчера, после седницата што почна околу 12.00 часот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, беа донесени следните заклучоци и препораки:
„Главен проблем претставува заматување на вода во водоснабдувачкиот систем заради обилни дождови. Заради истото, водата која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се установи дека истата е безбедна за пиење.

Се задолжува Општинскиот Штаб за заштита и спасување да достави барање до надлежни институции (Агенција за храна и ветеринарство и Центар за јавно здравје) за добивање на решение за употреба на вода во водоводниот систем како техничка.

Во Општина Ранковце, заради врнежите од дожд на ден има зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во атарот на с.Опила. Од Општина Ранковце по увид на лице место, каде што е една нива и импровизирано игралиште се поплавени, е констатирано дека тоа е нерасчистеното корито од широко распространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и повлекување на истата.
Во Општина Кратово, согласно и добиени информации од граѓани, дел од патот кај месноста „База“, пред мостот кон с.Куклица, Крива река поради зголемен водостој е излеана и е поплавен дел од патот. Висината на водата во тој дел од патоте околу 30 см, па сообраќајот се одвива отежнато“, стои во информацијата од ЦУК.

Претходна вестМилошоски: Новата влада веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ
Следна вестОхрид со бројни манифестации го одбележува Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј