ЦУК: Пронајдени тројцата моторџии заглавени во кал на Плачковица

Пронајдени се и извлечени тројцата моторџии кои вчера се загубија на планината Плачковица, соопшти Центар за управување со кризи. Тројца моторџии за време на вчерашната екскурзија на Плачковица заглавиле во кал и ноќта ја поминале на планината. Рано утрово планинарската служба Осогово со 4 лица и едно теренско возило успеале да ги најдат и да ги извлечат тројцата моторџии кои се во добра здравствена состојба.

-Утрово, РЦУК Штип, извести дека од Планинарска служба Осогово со 4 лица и 1 теренско возило во 05:00 часот излегле на терен и пребарувале на ралција Видовиште, Латал – Бел Камен. Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба, соопштија од ЦУК.

Претходно, преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица.

-Се работи за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон с. Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација. Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица, информираат од ЦУК

Истовремено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.

Претходна вестПризнание за македонските лекари во Пула: Математички ќе се предвидува преживување на пациентите со мозочен удар.
Следна вестКазнети 170 возачи, секој втор возел пребрзо