ЦУК: Шест активни пожари, сè уште гори кај Мариово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во моментов активни се шест пожари, а под контрола е еден. Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари, а изгаснати се 27.

Активен е пожарот во Мариово каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. Пожар има и на планината Мукос во Чашка.

Нискостеблеста шума гори кај Брезница, Општина Петровец.

Во селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, на полигон Криволак, Општина Штип, гори нискостеблеста шума, смреки и сува трева. И пожарот кај селото Танушевски, Општина Чучер-Сандево, е сè уште активен. Кај селото Десово, Општина Долнени, гори сува трева и мешана шума.

Под контрола е пожарот на депонијата кај Крушево.

Претходна вестРКЕ: До август се издадени лиценци за нови фотонапонски централи со моќност од скоро 250 MW
Следна вестОбвинителство: Се обидел да силува жена во Кисела Вода