ЦУК: Тешко повреден Холанѓанец во Охрид, удрил во камен

Холенадски турист е повреден вчера во Охрид, соопшти денеска Центарот з ауправување со кризи.

Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

– За итниот случај од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош и од нивна страна во моментот се презема лицето, по што истото ќе биде пренесено во болница во Охрид. Инаку, повреденото лице е странски државјанин од Холандија, велат од ЦУК.

Претходна вестВо сабота ќе се одржи најголемиот базар за производи од „втора рака“ во „Јавна соба“
Следна вестСтапката на невработеност во првото тримесечје од годинава 12,9 проценти