Д-р Лазаров предупредува: Можно е поголемо ширење на големата кашлица

Големата кашлица е заразна болест. Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека во 2014 година ширум светот имало приближно 24,1 милиони случаи. Во следните години, овој број брзо се намали благодарение на вакцините. Да се одреди сигурен број е тешко бидејќи не се пријавуваат или дијагностицираат сите случаи.

Големата кашлица се пренесува преку бактеријата бордетела пертусис (Bordetella pertussis). Тоа е инфекција преку капки. Патогените се пренесуваат од едно на друго лице на растојание до еден метар при кашлање, кивање или дури и зборување.

Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава, а едно од главните прашања за кои ќе се дискутира е и дали да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, со оглед дека расте бројот на заразени.

Досега потврдени се 15 случаи на голема кашлица во земјава, 10 се во Скопје, а најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 заразени со голема кашлица.

На оваа тема се огласи и познатиот доктор Ненад Лазаров, кој често е активен на социјалните мрежи. Гинекологот, е на иста линија како повеќето лекари, дека вакцинацијата е клучна.

– Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10тина години. Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест, предупреди тој.
Понатаму во својот статус на ,,Фејсбук”, гинекологот Лазаров упати важна порака кон повеќе институции, кој се однесува на бремените жени.

– Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив. Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка. Има начин и безбеден е, порача тој алудирајќи на имунизацијата, пишува во својот статус д-р Ненад Лазаров.

Претходна вестДенес состанок на Комисијата за заразни болести
Следна вестВо пожар настрада повозрасно лице во атарот на с. Псача