Да не се мешаат дози од различни вакцини против ковид, вели Филипче

Нема препорака да се мешаат вакцините. Како за првата доза, така и за втората мора да биде истиот производител и тоа се официјалните препораки на сите производители.

-Немаме официјална препорака дека може да биде вакцина од еден тип за прва доза и друг тип за втора доза, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во текот на вчерашниот ден во земјава се вакцинирале вкупно 14.763 граѓани, од нив прва доза на вакцина против ковид примиле 2.057 лица.

Според податоците на Министерството за здравство, досега прва доза на вакцина против ковид примиле 236.878 граѓани, а ревакцинирани се 94.156 граѓани.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку vakcinacija.mk е 433.787 граѓани.

Претходна вестАко барате работа: Најмногу места има во продажба и услуги
Следна вестСо Виз ер од Скопје повторно до четири дестинации во Европа