Дачиќ: Имаме цврсти гаранции од петте членки на ЕУ кои не го признаа Косово дека нема да го променат ставот

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека Белград има силни гаранции од петте земји-членки на ЕУ, кои не ја признаваат независноста на Косово, дека нема да го променат тој став.

Дачиќ изјави дека тој и претседателот Вучиќ се во постојан контакт со тие земји и оти, како што рече, нивниот став е цврст како и досега.

Запрашан за неодамнешната изјава на европските претставници дека новата верзија на француско-германскиот план за решавање на косовското прашање, ја има поддршката од сите 27 членки на ЕУ, тој одговори дека нема да оди толку далеку и, како што рече, и не толку брзо.

Имаше многу верзии на тој таканаречен француско-германски план и не можам да знам во која фаза е, но со сигурност знам дека е прерано да се пребројува колкава поддршка има во ЕУ, рече Дачиќ.

Лидерот и единствен кандидат за претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Дачиќ, во пресрет на конгресот на партијата изјави дека социјалистите имаат причина да бидат задоволни, но дека имаат обврска да носат стратешки одлуки за иднината на СПС и оти тој сака да остане на чело на партијата.

Претходна вестДвегодишно дете проголтано и исплукано од нилски коњ
Следна вестМОН бара да се утврдат причините за грешките во учебниците, после ќе решат што ќе прават со нив