Дачиќ: Ликвидиран убиецот на српскиот полицаец

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека убиецот на полицаецот во Лозница е ликвидиран.

-Припадници на полицијата го ликвидираа убиецот на полицаец во околината на Лозница, изјави Дачиќ.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно денеска соопшти дека интензивно трага по Фатон Хајризи, кој е осомничен дека прексиноќа во Липнички Шор го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.

Еден полицаец им подлегнал на повредите, друг е тешко ранет во престрелката што се случила ноќта на 18 јули во Лозница. Неколку истрели биле испукани кон полицијата. Напаѓачот првично бил идентификуван како Хајзири Артан, пренесува Н1.

Сепак, се покажа дека дошло до промена на идентитетот бидејќи осомничениот за убиството Фатон Хајризи патувал со документите на неговиот брат Артан. Овие документи полицијата ги пронашла на местото на убиството.

Престрелката се случила при рутинска контрола на возила на контролниот пункт во Липнички Шор, кога полицајците запреле мерцедес со тутинска регистрација, во кој имало две лица. При излегувањето од возилото, напаѓачот испукал од пиштол, погодувајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (34) во градите и Вјекослав Илиќ (50) во рамото, по што избегал. Крсмановиќ почина во болница.

-На лице место полицијата го пронашла пасошот на осомничениот издаден од привремените институции на Косово на име Хајзири Артан (33) и германска лична карта, изјави Дачиќ во четвртокот. Медиумите пренесуваат дека напаѓачот пукал откако одбил да им покаже на полицајците што има во чантата што ја носел.

Претходна вестСите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови соопшти ТАВ Македонија
Следна вестИзбегната катастрофа во Порцеланка, Велес, спречен пожар на 100 метри од склад со 80 тони плин