Дали Арсовска ќе даде оставка од градоначалник и ќе оди на парламентарни избори?

Предизборието секогаш дополнително ги возбудува политичарите. Сакаат нова функција, сакаат да докажат дека можат…, едноставно ги фаќа изборна треска.

Е, вирусот од таквата треска ја зафати и градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска. Ќе се кандидирала за пратеник.

Пратеник, можеби министер во некоја идна Влада, можеби… ова е нова политичко-партиска амбиција на скопската градоначалничка Арсовска. Таа објави вчера дека на претстојните мајски парламентарни избори ќе биде носител на листа на нејзината партија „Нова демократија“ во првата изборна единица.

-Ќе настапиме со сите капацитети што ги има партијата. Во овој момент се движиме по комитетите да видиме какво е расположението на терен меѓу граѓаните. Тој дуел што ќе биде во изборна единица еден треба граѓаните да го очекуваат со нетрпение, рече скопската градоначалничка.

Но, она што не го рече и објасни е  – што со нејзината градоначалничка функција? Ќе дава оставка и ќе оди на избори или ќе биде градоначалник и ќе оди по кампањи и на ТВ дуели за парламентарни избори?

Обично политичарите кои во текот на еден мандат што го вршат, кога ќе им се појави меракот за некоја друга функција, даваат изјави дека паралелно ќе ја извршуваат функцијата и ќе водат кампања за другата функција. Колку успеваат да ја извршуваат примарната функција, граѓаните се уверуваа до сега.

Дали најавата дека сака да се кандидира за пратеник е знак дека таа веќе е подготвена да се збогува со градоначалничката функција? На средина на мандатот, по поминати нешто повеќе од две години на функцијата, и многуте најавени и ветени проекти кои ќе ги реализира сега се ставаат по страна?

Зарем сака да го напушти исполнувањето на нејзината програма за „Модерно Скопје“ со којашто ја доби убедлива доверба од страна на скопјани? Зарем Скопје ќе остане без остварување на нејзините клучни ветувања за бесплатен јавен превоз, за набавка на нови автобуси, за…

Ако веќе на средина на мандатот и се јавиле други амбиции може е најдобро и најкоректно таа си поднесеше оставка на градоначалничката функција. Така барем на еден трошок да се направеа и избори за нов скопски градоначалник заедно со парламентарните.

 

Претходна вестЦУК: Изгаснати 21 пожар на отворено во последното деноноќие, активен еден пожар во Прилепско
Следна вестМицкоски: Потешкиот дел допрва доаѓа, граѓаните се прилично разочарани