Дали Мицкоски патувал за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта од над 4.000 евра, прашуваат од СДСМ

Според информациите до кои дојде СДСМ, Мицкоски изгледа ужива во луксузот на сметка на граѓаните, очигледно не се само скапите часовници повеќе десетици илјади евра негов стил, тој милува да патува во бизнис класа, тврдат од партијата.

-Денес го прашуваме јавно, дали е точно дека тој за САД патувал со бизнис карта вредна над 4.000 евра на сметка на граѓаните? Ако е точно, да излезе и да објасни за тоа уште еднаш што претставува душманско трошење на парите на граѓаните. Додека во кампањата имаше уста полна одговорност и транспарентност, сега гледаме расфрлање, фамилијарни прошетки за САД во бизнис класа и буквално никаква грижа за граѓаните. СДСМ очекува во најкус рок Владата и Мицкоски да ги објават сметките и трошоците за ова патувања затоа што граѓаните мора да знаат колку пари платиле за прошетките на Мицкоски и министрите, се вели во соопштението од партијата.

Претходна вестДојде струја во Аеродром и Ново Лисиче
Следна вестМакедонка загина во сообраќајка кај Лесковац, со фамилијата се враќале од одмор во Словенија