Внимавајте каде паркирате во Центар. ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со полицијата максимално се труди да биде казнет секој кој паркирал непрописно, Изминатата седмица биле санкционирале 171 непрописно паркирани возила. Слични се бројките и за минатите недели. Пајакот бил неуморен.
Слично е и во други делови од Скопје. И пајакот на Град Скопје плете мрежи низ градов (не секаде подеднакво) и лови возила. И тој натфрла рекорди.
Добро е што се воведува ред околу паркирањето во главниот град. Има многу несовесни возачи кои ги окупираат требниците, тротоарите…
Но, сепак се наметнува и една констатација која тера да се замисли човек. Дали пајак службата е најразработениот дел од градските служби? Што е со останатите претпријатија кои живеат од парите на скопјани? Скопје и скопјани немаат проблем само со несовесни возачи. Многу недостатоци треба да се поправат, исчистат…