Нашиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра одлична сезона во Шкотска. Од вкупно 27 натпревари тој постигна 15 гола со кои стана трет стрелец во првенството.
Голот кој постигна Миовски и овој викенд, беше одлучувачки за Аберден во средбата против Ливингстон која заврши со резултат 1:0.
Шкотските медиуми најавуваат дека по потписот на Бојан ќе тргне и актуелниот премиерлигаш Саутемптон. Скаутите на тимот кој во овој момент е последен во Премиер лигата, последен пат го следеле Миовски на дербито против Селтик и биле задоволни од она што го прикажал македонскиот голгетер.
Интерес за Миовски претходно имаа и клубовите Рен -Франција и Лацио – Италија, но сепак, одлуката за својата иднина нашиот фудбалер ќе треба да ја донесе по звршување на сезоната.