Дански Алборг убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Данска се поразени од ракометарите на Алборг со 38:23. Македонските шампиони добро го почнаа натпреварот и беа рамноправен противник, но наскоро почнаа да ја губат контролата врз натпреварот.

Семафорот кој на крајот од првото полувреме покажа 18:10, а во вториот дел на теренот имаше само еден тим, тимот на Алборг кој во 52 минута имаше и најголема предност од 16 голови.

Во третото коло од европската ракометна Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува германскиот шампион Кил.

Претходна вестНекултурно ќе биде Скопје да не го подготват за Европска културна престолнина
Следна вестПретрес во дом во скопски Аеродром, пронајдена марихуана