Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци

356

Три деца, странски државнјани се приведени во врска со пожарот кај скопската обиколница во близина на селото Стајковци. Јавното обвинителство не открива повеќе детали со оглед на тоа што станува збор за малолетни лица. Оттаму само велат дека според првичните сознанија, станува збор за државјани на Велика Британија, а едното има потекло од Македонија.

-Согласно Законот за правда за децата со нив беше извршен разговор по што се пуштени, а обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело, велат од ОЈО.

Претходна вестМНР го повика бугарскиот амбасадор во земјава на разговор поради изјавите на Георгиев
Следна вестДетето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село