На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на Средно Водно коишто преку земјен пат сакале побрзо да стигнат на градот, па се изгубиле. Веднаш од страна на ЦУК е известена полицијата, конкретно СВР – Скопје за понатамошна постапка.
-По релативно кусо време по интервенцијата, од страна на СВР Скопје е информирано дека со помош на локацијата добиена од 112 децата се најдени во добра здравствена состојба и се превезени до Скопје, дома, извести ЦУК.