Децата со три дози Ди-Те-Пер од утре во градинка – само последнава недела регистрирани 43 нови случаи на голема кашлица

Од утре градинките ќе ги примаат децата со три дози вакцини против големата кашлица во последните 6 месеци, со услов за ревакцина по 6 месеци од примената последна вакцина. Ваквата одлука беше соопштена деновиве по состанокот на Комисијата за заразни болести, а која ја потврди и министерот за здравство Илир Демири.

Според контролите пак кои ги спроведе Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега беа почитувани мерките во градинките. Директорката на инспекторатот Рената Младеновска деновиве со оценка дека не може да се дозволи да се враќаат болести кои веќе беа искоренети.

-Од понеделник да почнат да се примаат деца кои што ја имаат комплетирано вакцинацијата од трите дози на Ди-Те-Пер. Мислам дека ќе излеземе од оваа ситуација затоа што гледам дека во оваа недела имаме одлична соработка, трпение за родителите, ќе мора да ја решиме оваа состојба затоа што не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21 век, вели Рената Младеновска.

Претходна вестБогоев смета дека полиграфот не е решение за корупцијата кај вработените
Следна вестВселенскиот патријарх испрати порака на македонски јазик за велигденските пости