Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.

Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин во општина Сарај.

Претходна вестВо седмата деценија од животот Јоце Смилевски меѓу битолските планинари кои го освоија врвот Ајланд Пик на Хималаите
Следна вестДел од неколку скопски населби без струја