Дел од Центар без вода порди дефект на мрежата

Поради дефект на водоводна мрежа со пречник од 300 милиметри на плоштадот „Македонија“ до кафаната Пелистер прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ на потегот од портата „Македонија“ до плоштад „Македонија“,  како и дел од улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување на водоводниот дефект.

Претходна вестСамо вчера за пребрзо возење казнети 819 возачи
Следна вестСкопје е сообраќајно небезбеден град – вчера казети 189 возачи, најмногу за брзо возење