Дел од возачите се надминаа во прекршоците – од 187 казнети дури 134 се за брзо возење

Вчерашниот последен ден од викендот донесе најмногу казни поради брзото возење, покажува полицискиот извештај за конторлите на скопското подрачје. Се чини дека возачите се опуштија и не внимаваа на почитувањето на правилата мислејќи дека нема полициски контроли.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 134 санкции, соопшти МВР.

Имало и девет мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,укажуваат од МВР.

Претходна вестСе замрзнуваат цените на кромидот, доматите, краставиците, бананите…, Бектеши ги повикува граѓаните да го продолжат списокот
Следна вест„Паркинзи на Општина Центар“ со 110 хигиеничари ќе ја чистат и општината