По повод големиот празник 2ри август – Денот на Републиката, во Смилево, делегација на СДСМ предводена од членот на Извршниот одбор на СДСМ Васко Талевски, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.