Делот од Шара под привремена заштита додека не се донесе законот за национален парк

Делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување на национален парк привремено ќе биде заштитен до донесување на законот.

Вакво решение денеска потпиша министерот Насер Нуредини.

Владата неодамна го одобри предлог- законот и сега за него треба да се гласа во Собранието.

Со усвојување на овој Закон нашата држава ќе го добие првиот национален парк од 1958 година наваму и од прогласувањето на независноста, со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2 отсто од севкупната територија.

Прогласувањето за национален парк, ќе значи заштита на природните убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности.

Претходна вестНад 1.300 пациенти со ковид се во болница, во Скопје нови 54 за 24 часа
Следна вестСобранието блокирано од хир – над 400 амандмани и на одлуката за продолжување на кризната состојба