Поради дефект на затварач од Ф 80 на улица Кеј 13-ти Ноември, во текот на денешниот ден прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од плоштадот до Холидеј Ин во Скопје.
– Водоснабдувањето е прекинато од 12:50 часот, а ќе трае до завршување со активностите, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.
Додаваат дека и во текот на викендот односно во недела поради санирање на два дефекта на затворачи од Ф-300 мм на ул. „Св.Кирил и Методиј“ (до Мисија на Европската Унија) во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците ул.„Мајка Тереза“, ул.„Шарски Одреди“, од ул.„Св.Кирил и Методиј“, ул.„Даме Груев“, ул.„Димитрие Чуповски“ и ул.„Св.Климент Охридски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.