Демиркапиец на возраст од 72 години вознемирувал малолетничка, пријавен во полициска станица

Демиркапиец на возраст од 72 години бил приведен во полиција, по пријава дека вознемирил малолетничка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П., постапувајќи по пријава од Ф.М.(43) од демиркаписко село. Според пријавеното, во Демир Капија, неговата малолетна ќерка истиот ден била запрена од М.П., кој откако ја сопрел, почнал да и упатува прашања и понуда за во ресторан. Откако малолетничката одбила и рекол дека повторно ќе ја побара. Од тоа, таа се вознемирила и исплашила, појаснуваат од СВР Велес.

Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и претставник од Центарот за социјални работи Неготино.

-М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Велес.

Претходна вестСВР Тетово препорачува – без зимски гуми да не се патува на Попова Шапка и да се користи јавен превоз
Следна вестПутин се извини за „трагичниот инцидент“ со азербејџанскиот авион