Демнат измамници: Се претставил како бајач, ја „ослободил“ од целото злато дома

68-годишна жена од Карпош пријавила во полиција дека лице кое полицијата го претставува со иницијали М.Ш. ја измамил и ѝ одзел поголема количина злато, претставуувавјќи се како бајач.

Нема детали како измамената жена стапил во контакт со крадец, освен дека тој дошол во нејзиниот дом.

Таа му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор.

Но, подоцна се посомневала и на наведеното место не нашла ништо, поради што сфатила дека е измамена.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вест50 деца и бебиња од Гевгелија со неспецифична респираторна инфекција, ќе се испитува за што се работи
Следна вестМакедонија, членка на НАТО, нема ресурси за гасење пожари!?