Демократски сојуз: Груби формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“

Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување на 30-тина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д,  очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, тврдат од партијата Демократски сојуз. Според нив истото за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција.

– Станува јасно дека огласот за ангажирање на помошник координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП, а со тоа и Министерството за транспорт и врски кои се надлежни за изградба на автопатите. Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креираше како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање на лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушнот за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Спореед нив ова само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување на девет закони во скратена постапка.

Претходна вестНад 1.000 медецински сестри само годинава ќе го напуштат Косово
Следна вестПолицаец уби мигрант кај Гевгелија, пукал откако се обиделе да му го земат пиштолот