Демократскиот сојуз денеска соопшти дека ги поддржува граѓаните од Гевгелија кои протестираат против изградбата на мали хидроцентрали на една од најубавите и најчисти реки во Македонија, реката Дошница на Кожуф.
-Со изградбата на хидроцентралите сериозно ќе се загрози биодиверзитетот. Сите експерти се изјаснија дека со малите хидроцентали целосно се уништува растителниот и животинскиот свет, се загрозува природниот тек на реката, крајречната вегетација, се прави ерозија на екосистемот, се наведува во соопштението.
Тоа е злосторство против природата и човештвото, велат од Демократски сојуз и додаваат дека Владата треба да ги послуша граѓаните и да ја запре постапката за изградба на ваков вид хидроцентрали насекаде во Македонија.