Петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе почне денес во Велес со средбата Борец – Шкендија. Другите натпревари се играат во недела кога е и локалното дерби во Скопје, каде ќе играат Вардар и Работнички. Ренова и Струга Трим Лум на домашен терен ги пречекуваат Академија Пандев, односно Силекс. Шкупи ќе игра на гости во Битола против Пелистер, додека Беласица ја пречекува Македонија Ѓорче Петров.