На почетокот од седмицата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините на северозапад од снег.
Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 l/m2), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури се движат меѓу 5 и 8, додека соодветно максималните дневни соодветно ќе бидат во интервал од 11 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Tепературата ќе достигне до 16 степени.