Скопје не е загадено како што беше. Ова е омилената реченица и на централната и на локалната власт кога ќе ги потсетиме дека ништо не направија за да го исполнат ветеното – 50 проценти помало загадување. Но…
Почна навечер и наутро да смрди цел град, едноставно, лесно е видливо (да не зборуваме дека се чуствува) дека Скопје е многу загадено. Нема потреба ниту од мерните станици од кои неколку и не ги направија цело лето.
Наш читател бегајќи од тоа денеска околу 11 часот бил на Врвот на Водно. Воздух да земе – плуќа да проветри. А нам во редакцијата фотографии од Скопје ни прати.
Панорама…
А градот го нема на панорамските фотки, го нема и градоначалникот Шилегов…