Денеска истекува рокот за кандидирање за лидер на СДСМ, засега тројца кандидати

Во трката за лидерска позиција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, засега влегуваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник, Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, како и актуелниот директор на Технолошко-индустриските развојни зони, Јован Деспотовски. Тројцата претенденти во текот на вчерашниот ден ги поднесоа своите кандидатури, истакнувајќи ја потребата од обнова на партијата.

Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае заклучно со денеска. Внатрепартиските избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни оваа година.

Во меѓувреме, со одлука на Централниот одбор на 9 јуни ќе се одржи отчетен Конгрес, на кој покрај анализите на причините за изборниот резултат, Централниот одбор ќе предложи и измени на Статутот на партијата, односно мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.

Претходна вестОсум пожари на отворено во изминатите 24 часа
Следна вестСтатистика на Советот на Европа: Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто