Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе донесе нова одлука за цената на горивата.
– Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата кои ќе бидат на сила од полноќ од 00:01 часот 21.04.2022 година, велат од РКЕ.
Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.