Денеска од 18.30 часот посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Од МВР соопштуваат дека со почеток од 18:30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул .„Христијан Тодоровски-Карпош“ од крстосницата со ул. „Втора македонска бригада“, дел од ул .„Џон Кенеди“ со ул.„Кемал Сејфула“, потегот од ул.„Цветан Димов“ до ул. „Џон Кенеди“ и од ул. „Цветан Димов“ до бул. „Крсте Петков Мисирков“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.

Претходна вестПобегнал од прилепски затвор, ограбил хотел во Скопје и со спреј го испрскал обезбедувањето
Следна вестЗаради гласна музика казнети сопственици на хотели во Тетово