Денеска се очекува избор на нови министри за здравство и за информатичко општество

По гласањето во парламентот со кое Меџити и Алиу беа разрешени од функциите, а кое се случи околу полноќ во петокот, собранискиот спикер Јован Митрески најави дека седницата, на чиј дневен ред беше и изборот на нови министри во овие два ресора, ќе продолжи в понеделник, односно денеска во 11 часот.

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница која ја започна во петокот, а на која по речиси целодневна расправа беа разрешени министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, од редовите на Алијанса за Албанците.

По гласањето во парламентот со кое Меџити и Алиу беа разрешени, а кое се случи околу полноќ во петокот, собранискиот спикер Јован Митрески најави дека седницата, на чиј дневен ред беше и изборот на нови министри во овие два ресора, ќе продолжи в понеделник, односно денеска во 11 часот.

На позицијата министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а на министерската позиција во Информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами.

Предлогот за назначување на Демири и Бајрами на местото на досегашните министри дојде од Алијанса за Албанците по партискиот раскол во кој Меџити и Алиу застанаа зад партискиот лидер Арбен Таравари во одлуката АА да коалицира со опозициските партии на Албанците на претстојните избори.

Претходна вестПендаровски: Никој не смее да биде казнет, барам Собранието да донесе одлука за важење на возачките дозволи
Следна вестПочина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија