Денеска тивко и релативно топло, од викендот заладување со врнежи од снег

Времето во Македонија денеска ќе биде стабилно време со различни услови низ земјата. Во котлините, поголемиот дел од денот ќе биде тивко, со појава на магла или ниска облачност, која ќе создава слаба видливост и пониски температури. Во останатите делови од земјата се очекува сончево време, релативно топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во главниот град, Скопје, времето ќе биде претежно облачно и тивко, со услови за магла во текот на денот.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 7 до 14 Целзиусови степени.

Според најавите од Управат за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен ветер од северен правец, во сабота врнежите постепено ќе преминуваат во снег и во повисоките, а во недела и во пониските места. Локално, според УХМР, се очекува врнежите да бидат пообилни.

Претходна вестНајмалку две лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес, во опасност се и домови на холивудски ѕвезди
Следна вестДаниловски: HMPV не е нов вирус, без паника за зголемените респираторни инфекции