По повод смртта на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј денеска со почеток во 9:00 часот, во храмот на „Свети Климент Охридски“ на Плаошник во Охрид ќе биде отслужена заупокоена Света архиерејска литургија. Со неа ќе чиноначалствува викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј.
-Свештенството, монаштвото и верниот народ на Дебарско-кичевската епархија се обединети во молитвата за покој на неговата душа, со надеж на воскресение и светло блаженство. Неговиот живот и служба беа светол пример за пастирска љубов, пожртвуваност и посветеност кон Црквата Божја, соопшти Бигорскиот манастир.
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум од почетокот на Светата литургија, па сѐ до крајот на вечерната служба истиот ден.