Две деца, од кои едното во скопски Ченто, другото во Бутел биле нападнати од другу малолетници. Од МВР велат дека го расчистуваат случајот
– На 6 мај околу 17.00 часот во СВР Скопје, М.А.М.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.15 часот на ул.„Неготинска“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Додека вчера во 20.30 часот, пак, А.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Бутел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.