Во четири детски летни кампови на Халкидики, на Крит, во Коринт и во близина на Атина, потврдени се над 35 случаи на Ковид-19.
Во детскиот камп на Халкидики, во кој според медиумите, сместени се 2.000 деца на возраст од 13 до 17 години се потврдени 20 позитивни случаи, а во градот Ханија на Крит, вкупно девет и кампот ќе биде затворен до 15 јули.
Во близина на Атина биле потврдени три позитивни случаи, додека, пак, утрово, медиумите во Грција објавија дека Ковид-19 бил откриен во уште еден детски камп кај Коринт, каде од 1.600 деца на возраст од шест до 15 години, биле регистрирани шест позитивни случаи.