Девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои поседуваат безбедносен сертификат и официјално побараа од Премиерот Ковачевски да им го достави договорот со „Бехтел и Енка“. Ова барање тие го засноваат на уставното начело дека Собранието врши контрола над Владата, потоа на собранискиот деловник, во делот дека работните тела можат да бараат податоци од органите на државната управа, како и Законот за клаисфицирани информации, кој е заснован на принципот „потребно е да се знае“.
Од партијата сметаат дека според Законот за класифицирани информации, пратениците, посебно тие што поседуваат безбедносен сертификат мора да имаат пристап до Владини документи означени како „ државна тајна“.
– Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 од Законот за класифицирани информации ни овозможуваат пристап до владини документи „државна тајна, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.
Пратениците велат дека увидот во договорот велат им е потребен, поради 8-те закони за коридорите кои во собраниска постапка, а како дополнителен аргумент ги наведуваат сомнежите дека државата ќе плати казна од 53 милиони евра, доколку до понеделник работната недела не се продолжи од 40 на 60 часа.
Пред неколку дена вицепремиерот Артан Груби изјави дека договорот потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите е државна тајна, и како таков не може да биде објавен. Конзорциумот е тој што барал договорот да биде така класифициран.