Џон Илија Апелгрин пред денешниот протест на музичарите: Некој е глуп, а ќе го викам касап

Државата ги плаќа инспекторите кои треба да вршат контрола на локалите. Тоа што системски потфрлиле значи дека треба полицијата или инспекторите да се казнат бидејќи не си ја завршиле работата. Како може музичарите да бидат виновни? Ова прашање го поставува музичкиот уметник Џон Илија Апелгрин на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук во пресрет на денешниот протест на музичарите и други уметници пред Владата.

Аплегрин е само дел од естрадните уметници кои се крајно незадоволни од новите ограничувања кои се наметнати во секторот на угостителството со цел да се превенира ширењето на корона вирусот. Тој наведува дека кога се носат рестриктивни мерки кои тангираат одредени стопански, културни, спортски гранки, во исто време цивилизирани држави предлагаат и мерки со кои ќе им се помогне.

Дали само некој цреп може да помисли дека 55 децибели е добар репер за галама во угостителски објекти? Па во канцеларии е над 70 децибели. ЈСП наместо да ги триплира автобусите како би се разретчил бројот на патниците кои мораат да користат јавен превоз, тие ги пакуваат ко сардини (но во автобус не вирее вирусот)Во исто време се договара отварање граници… Мој заклучок е дека некој е глуп, а отсега генерално ќе го викам касап, напиша во објавата Апелгрин.

Инаку, под мотото „Протестирам против уништувањето на ноќните клубови“ музичарите и сите засегнати од оваа индустрија, денеска од 14 до 17 часот ќе го изразат својот револт против најновите, поригорозни мерки на Владата.

Македонската естрада со голем музички хепенинг, без скандали или сензации, ќе оддржи за првпат голем протест пред Владата. Целта ни е да докажеме дека сепак постоиме, дека има огромна слога меѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу посериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи, изјавија од НУК, Независната угостителска комора.

На протестот ќе се придружат и угостителите, кои на Владата ѝ порачаа дека не им требаат крпеници од протоколи, туку дека доброволно ќе ги затворат објектите на две недели.

Претходна вестБоки 13 во болница, одложено судење за „Меѓународен сојуз“
Следна вестПриведен 24-годишен скопјанец кој се борел во странска војска